Претседателката на Боливија добила смртни закани, го откажала од патувањето во странство

Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анес морала денес да го откаже патувањето од престолнината Ла Паз поради смртните закани кои и ги упатила една криминална група, рекол портпаролот на владата.

Тоа го потврдил и министерот за внатрешни работи Артуро Муриљо, кој рекол дека таа требало да отпатува во својата родна провинција Бени на североистокот на Боливија, но патот бил откажан поради веродостојни закани.

Тој не изнел детали за заканите но рекол дека се вмешани Венецуелци, Кубанци и Колумбијци, пренесува “Reuters”.

Муриљо на прес-конференцијата рекол дека владата ќе обезбеди изборите да се одржат во рок од 90 дена.

“Ќе имаме избори. Најголема чест за еден Боливиец е да стане претседател на земјата, но таа личност мора да победи со гласови, не со куршуми или тупаници”, рекол тој.

Поранешниот претседател Ево Моралес поднел оставка под притисок минатата недела, по неколкунеделни протести и насилства по изборите на 20-ти октомври, кои му донеле победа засената со обвиненија за измама.

Потоа во Мексико добил азил, а на власт стапила привременета самопрогласена претседателка на Боливија Жанин Анес. Меѓутоа, протестите на приврзаниците на Моралес продолжиле во поголемите градови во Боливија, која сега се соочува со недостиг на храна и гориво.