Претседателката на МАН му врачи благодарница на Вучиќ за вакцинирањето на македонските новинари во Србија

Претседателката на Македонска асоцијација на новинари (МАН) Ивона Талевска му врачи благодарница на српскиот претседател Александар Вучиќ за вакцинирањето на македонските новинари во Србија.

Вучиќ заедно со премиерот на Албанија Еди Рама е во Скопје каде што учествува на Економскиот форум, чиј домаќин е премиерот на Македонија, Зоран Заев. Се очекува на економскиот форум да присуствуваат претставници на 300 компании од трите земји, а се очекува потпишување на неколку важни дговори.

-Ништо освен пријателство и братство не ни е потребно. Важно ние да ги имаме најблиските и најдобрите односи и да помагаме едни на други. Заеднички да опстануваме на нашите простори и да го подобруваме животот на нашите граѓани, изјави Вучиќ.