Претседателката на синагога во Детроит, Саманта Вол била пронајдена избодена до смрт пред нејзиниот дом во центарот на градот. Полицијата ја затекнала со повеќе убодни рани и траги од крв кои воделе до нејзиниот дом.
Полицијата во моментов нема сознанија за напаѓачот и мотивот за нападот, но со оглед на моменталната клима, можно е Вол да бил цел на нападот затоа што била Еврејка – се посочува во извештаите од инцидентот.
Вол била истакната личност во еврејската заедница и работела на изградба на мостови меѓу Евреите и муслиманите.
Саманта Вол исто така била претседателката на синагогата Исак Агре во центарот на Детроит од 2022 година и е позната по нејзината работа со неколку демократски политичари, вклучувајќи ја и конгресменката Елиса Слоткин. Нападот на Вол во Канада индиректно се поврзува со конфликтот во Израел и со пропалестинските протести што се одржуваат во повеќе земји во светот.