Во рамки на својата изборна кампања претседателот Иванов ги посети жителите на Центар Жупа каде ја претстави својата изборна програма и ја побара довербата од жителите на претстојните претседателски избори.
Иванов истакна дека, како и досега, така и во иднина, потребите и интересите на граѓаните секогаш ќе му бидат на прво место. Актуелниот претседател посочи дека и натаму ќе работи на создавање нови можности за македонската економија, со цел подобар живот на сите граѓани во Македонија.
Жителите на Центар Жупа ги поздравија инвестициите во патната инфраструктура, како и изградбата на спомен-домот на родителите на Мустафа Кемал Ататурк, како особено важни за развој на локалниот туризам во општина Жупа.