Претседателот на Чад убиен на боиштето, власта ја презема неговиот син

Претедателот на Чад, Идриз Денби Итно, кој на власт беше повеќе од 30 години и се сметашен за важен сојузник на Западот во борбата против радикалните исламистички групации во Западот е убиен во вторникот во борба со бинтовниците, а врховната власт во земјата ина врз Воениот совет предводен од еден од неговите синоти Махамат Кака, пренесе агенцијата AFP повикувајќи се на командата на чадската армија.

Портпаролот на армијата Азем Бармендо Агуна за државната телевизија набрзо потврди дека Националниот преоден совет го именувал Махамат Кака за привремен председател. „Воениот совет ќе ја води земјата во следните 18 месеци“, рече полковникот Бермандо.

Шеесет и осумгодишниот Деби дојде на власт во бунтот од 1990 година и беше еден од најдолговлечните африкански лидери. Преживеа бројни обиди за воеан преврат и бунтови.

Веста за неговото загинување на беше објавена само ден откако е прогласен со огромна надмоќ за победник на претседателските избори што му го донесе шестиот мандат. Поголемиот дел од опозицијата, која долго се жалеше на неговото репресивно владеење, ги бојкотираше гласањето.

Претседателот Деби, кој како поранешен генерал на корпис често им се приклучуваше на војниците на боиштето, ги посетил во понеделникот војниците на првата борбена линија отокао бунтовниците стационирани на северната граница со Либија напредуваа стотици километри јужно кон џадската престолнина Н’Џамена.

„Маршалот Идриз Деби Итно, како што тоа го правеше секој ша кога институциите на Републиката беа сериозно загрозени, ја пеезема контролата над операциите во херојската борба против терористите од Либија. Повреден е во борнбтеи и им подлегна на раните при враќањето во Н’Џамена“, соопшти полковникот Бермандо.

Веднаш се распуштени и владата и Националното собрание и воведен е полициски час на целата територија на Чад од 18 часот вечерта до 5 часот наутро.

Добро вооружените единици на бунтовничката групација Фронт за промена и единство на Чад (FACT) ги напуштија своите бази во Либија и на 11-ти април, на денот на изборите во Чад, извршија напад во областа Зуарка. Владините трупи, во чиј состав имаше и оклопни единици, се судрија со бунтовничките сили на 17-ти април, 300 километри северно од Н’Џамена и ги разбија. Во овој судир повеќе од 300 милинатнти беа убиени, а уште 150 беа заробени. Со операцијата командуваше лично претседателот Деби, но во завршните операции во понеделникот бил тешко ранет.

Фронтот за промени и единство на Чад е основен во 2016 година, во северните региони на земјата. Главната декларирана цел на групацијата беше соборување на претседателот Идриз Деби и неговиот режим.

Деби во 2018 година го протурка новиот устав на земјата кој му овозможуваше да остане на власт до 2033 година, и покрај тоа што воведе ограничувања на мандатите. Минатата 2020 година си ја додели и офицерската титула маршал, а пред минатонеделните избори порача „Знам однапред дека ќе победам, како што тоа го правев последните 30 години“.

Деби, исто така, беше соочен со јакнење на незадоволството во јавноста поради управувањето со нафтените ресурси на Чад и пресметките со своите противници. Резултатот од претседателските избори беа објавени во понеделникот, а Деби со 79 отсто од гласовите го освои шестиот мандат. Неколку од опозициските челници ги бојкотираа изборите.

Западните земји предводени од САД го сметаа Деби за сојузник во борбата против исламистичките групации, вклучително и нигериската групација Боко Харам која се прошири и на соседните земји во басенот на езерото Чад, како и со групите поврзани со Ал Каеда и со Исламската држава во областа Сахел.

Неговата смрт се смета за удар и за поранешната колонијална сила Франција, коај ги водеше своите антитерористички операции во Сахел од Н’Џамена. Чад во февраури објави дека ќе распореди 1.200 свои војници покрај 5.100 франциски војници кои се распоредени во оваа област.