Претседателот на ДИК, Даштевски на средба со неговиот колега Целибиши од Албанија

Делегација на Државната изборна комисија на Македонија, предводена од претседателот Александар Даштевски, а во која се и Кренар Лога, Оливер Ристовски и Бобан Стојановски, престојува во Тирана.

На средбата со претседателот на Централната изборна комисија на Република Албанија Илирјан Целибаши и неговите соработници, разменети се искуства помеѓу двете институции и конкретизација на оваа соработка во иднина.

„Имајќи предвид дека Македонија се соочува со предизвик за електронска идентификација на гласачите, интересот на делегацијата на ДИК беше насочен кон имплементација на овој проект од страна на ЦИК на Албанија“, стои во соопштението.

Се додава дека Целибаши ги запознал со законските регулативи поврзани со изборната технологија, процедурите и чекорите што ги следи ЦИК за спроведување на електронскиот систем за идентификација на гласачите.

Приоа извршил демонстрација на електронски уред за идентификација.

Од името на ДИК, Даштевски изразил интерес за набљудување на парламентарните избори коишто треба да се одржат на 25-ти април.