Претседателот на Египет Ел-Сиси ја следи соработката со Грција во проектите за производство на електрична енергија

Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел-Сиси вчера се сретна со извршниот директор
и основач на грчката групација Копелузос, Димитрис Копелузос. На средбата
присуствуваа и египетскиот премиер, д-р Мустафа Мадбули и министерот за
електрична енергија и обновливи извори на енергија, д-р Мохамед Шакер.
Портпаролот на претседателството изјави дека на средбата била разгледана
имплементацијата на проектите за производство на електрична енергија од обновливи
извори на енергија во Египет и нејзиниот пренос во Европа преку Грција, преку
подморски кабел за енергетска интерконекција.

Извршниот директор на групацијата Copelouzos ја изрази честа да се сретне со
претседателот Ел-Сиси. Покрај тоа, ги вреднуваше и достигнувањата на Египет во
изминатите години, под водство на претседателот Ел-Сиси во државната
инфраструктура, посебно во секторот за електрична енергија и обновливи извори на
енергија, во рекорден временски период. Димитар Копелузос се радува на
имплементацијата на проектите за обновлива енергија во Египет, со изобилството на
соларна и ветерна енергија. Ова заедно со енергетската интерконекција со Грција, е во согласност со главните актуелни предизвици со кои се соочува Европа во енергетската област.

Министерот за електрична енергија ги разгледа елементите за соработка со грчката
страна за производство на 9,5 GW електрична енергија од ветер и сончева енергија во
Египет, а потоа преку Грција да се пренесе во Европа преку воспоставување на
подморски кабел за енергетска интерконекција. Ова може да се реализира, бидејќи
Египет има модерна инфраструктура во областа на електричната енергија, која работи
во согласност со националната стратегија со интегрираните столбови на
производствените станици, далноводи, дистрибутивни и контролни мрежи. Сето тоа
обезбеди одржливост на обезбедувањето на снабдување со електрична енергија низ
целата земја и ги отвори можностите за инаугурација на проектите на регионалната
енергетска интерконекција.

Претседателот Ел-Сиси ја истакна важноста од унапредување на заедничката
соработка со грчката компанија за производство и пренос на чиста енергија. Ова не
само што ќе им служи на Египет и Грција, туку и на Европа и Африка, консолидирајќи ја позицијата на Египет како регионален центар за трговија со сите облици на енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.