Претседателот на ФИБА сексуално вознемирувал кошаркарки

Претседателот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) Хамане Нијанг времено се повлекува од функцијата под притисок на внатрешна истрага против него за наводно сексуално вознемирање и злоупотребување на десетина кошаркарки од Мали.

За случајот информираше весникот „Њујорк Тајмс“ а слични информации обезбеди и Организацијата за заштита на човековите права, Хуман Рајтс Воч.

Истрагата против Нијанг се води за наводно сексуално вознемирување и злоупотребување на кошаркарки од 1999 до 2011 година, во период кога актуелниот прв човек на светската кошарка беше претседател на Кошаркарската федерација на Мали, а потоа и министер за спорт на оваа западноафриканска држава.

Нијанг „остро ги негира“ обвинувањата на негова адреса, кратко соопшти ФИБА.