Претседателот на Косово Хашим Тачи пренесен во болница

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, денеска е примен во Клиниката за урологија откако почувствувал болки во бубрезите, најверојатно поради присуство на камења.

Од претседателскиот кабинет соопштија дека неговата состојба е стабилна и оти Тачи не е задржан на оделение, туку по интервенцијата бил пуштен на домашно лекување. Истовремено, Тачи искажал благодарност до медицинскиот персонал за грижата којашто му била укажана.