Претседателот на МОК: Во спортот не смее да ја има политиката

Новиот претседател на Македонскиот олмписки комитет (МОК), Даниел Димевски, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека смета оти во спортот не смее да има политика, што сега е присутна како и во секоја општествена сфера во Македонија е присутна политиката.

-Нам што сме во спортот јасно ни беше дека е веќе подолго време е акумулиран еден антагонизаз помеѓу МОК и повеќе претходни раководства во Агенцијата за млади и спорт. Јас не се сеќавам кога постоела некој синергија помеѓу овие две тела. Ова е хронична болест која го тиштеше нашиот организам. Гангренозното ткиво кое го мачи македонскиот спорт се недоволно јасните и прецизни процедури. Целата концентрирана моќ е во Агенцијата, во едно мало тело кое го води еден ист човек 20 години кој е во лоши персонално односи со раководствата од МОК. И нам ни се случи тие интерперсонални несогласувања да ни се преточат и да ја загрозуваат целата организација две декади – вели Димевски.