Претседателот на РФМ Мукаетов со богата премија за ракометарите по победата над Данска

Ракометната репрезентација на Македонија опасно се доближи до пласман на уште едно големо натпреварување, во случајов Европското првенство, по победата против свтскиот шампион, Данска.

Нашите репрезентативци предводени од новиот селектор, Кире Лазаров ја диктираа играта во сите 60 минути на паркетот во „Борис Трајковски“ и на крајот заслужено стигнаа до победата изразена со четири гола предност (33:29).

Светскиот шампион кој пред само месец и половина брилјираше во Египет го положи оружјето во Скопје, а во еден момент разликата на семафорот беше и неверојатни девет погодоци.

Со оваа победа Македонија се искачи на првата позиција на табелата во групата, нешто што и најголемите љубители на ракометот во нашата земја не го очекуваа.

По големата победа над Данска, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ќе ги награди ракометарите со заслужена премија. Репрезентативците ќе инкасираат 20.000 евра само за победата над Данска како мотив за понатака и за креирање на уште повеќе подзвизи кои и тоа како ја радуваат македонската нација.

Фото: Дерби.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.