Претседателот на РФМ Живко Мукаетов во посета на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Претседателот на РФМ го посети кампот „Кирил Лазаров 7“

Претседателот на РФМ, Живко Муакетов и генералниот секретар Филип Милошевски денеска го посетија кампот „Кирил Лазаров 7“ и го искажаа своето задоволство од начинот на кој агенцијата КМГ и Кирил Лазаров го подготвиле и организирале целиот настан.

– Овој камп е еден плус за нас како федерација и е огромно задоволство да се биде тука и да се види децата како тренираат, колку се посветени и колку тука има теленти. Треба да се работи со нив, а тоа деновиве с еправи во кампот кој го организира Кире Лазаров. Четитки што во време на одмори, тој одвои од неговото време и им се посветува на младите. Како федерација ние вакви проекти поддржуваме. Ова треба да се продолжи и да биде се помасовно. Доволно е да се видат задоволните лица на овие деца што тренираат и јасно е колку за нив значи сето оваа, овие кампови и можноста да тренираат и да учат од нивните идоли, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

Кампот на најдобриот македонски ракомет е поддржан од претседателот на РФМ и од компанијата „Алкалоид“ која стана генерален покровител на кампот. „Здравјето пред се“ е мотото на „Алкалоид“, а инвестирање во младите спортисти е генерална определба.