Претседателот на Шри Ланка побегна од земјата

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, побегнал од земјата од земјата рано во мугрите по локално време, извести агенцијата Associated Press повикувајќи се на неименуван миграциски службеник.

Раџапакса, неговата сопруга и два телохранители се качиле на авион на националните воздухопловни сили кој полетал во западна насока за Мале, главниот град на 700 километри оддалечените Малдиви.

Претходно во вторникот агенцијата AFP јави дека Раџапакс, во вторникот доживеал понижувачка конфронтација со службениците на имиграциските служби на аеродромот во Коломбо, кои му оневозможиле да замине во странство. Службениците за имиграција не сакале да влезат во ВИП салонот и таму да му втиснат печат во пасошот, а Раџапакса рекол дека нема да оди на шалтерот, бидејќи стравува од одмазда на другите лица на аеродромот.

Претседателот и неговата сопруга преноќиле кон вторникот во воената база крај меѓународниот аеродром, откако пропуштиле четири летови со коишто можеле да отпатуваат во Обединетите Арапски Емирати.

Раџапакса, како шеф на државата, има имунитет од апсење а се верува дека обидите да замине во странство пред поднесувањето оставка се за да ја избегне можноста да биде приведен.

Седумдесет итригодишниот претседател Раџапакса ја напуштил службената резиденција во Коломбо, непосредно пред во неа да упаднат десетици илјади демонстранти, и се обидел да отпатува за Дубаи. Демонстрантите упаднаа и во резиденцијата на премиерот Ранил Викремесинге, кој рече дека ќе ја напушти должноста откако ќе биде формирана новата влада.

Раџапакса, како што беше најавено, во средата подоцна требаше да поднесе оставка на претседателската должност за да го отвори патот за формирање влада на националното единство, откако илјадници демонстранти во саботата упаднаа во претседателската резиденција барајќи ја неговата оставка. Со отстапувањето од должноста на Раџапакса, премиерот Ранил Викремасинге автоматски станува вршител на должноста претседател додека парламентот не избере пратеник кој ќе го отслужи мандатот до ноември 2024 година. Според најавите наследникот на Раџапаска треба да биде избран во парламентот на 20-ти јули.

Семејството Раџапакса, од кое потекнува и поранешниот премиер Мхинду Раџапаска, со години доминираше со политиката на Шри Ланка со 22-милионско населени и повеќето од нивните сонародници ги обвинуваат за моменталните големи економски проблеми. Готабаја е последниот од шесте членови на ова највлијателно семејство во земјата кои беа на највисоките функции во Шри Ланка.

Националната економија која е зависна од туризмот беше тешко погодена од двегодишната пандемија на Covid-19 и падот на дознаките од странство, додека забраната за користење хемиски ѓубрива го намали земјоделското производство.

Забраната подоцна беше отповикана, но земјата од пред повеќе половина година се соочи со намалени испораки на храна и неможност поради намалената финансиска моќ за интервентни набавки на храна и горива. Тоа предизвика масовни протести против лошите политики на властите и воведување привремена вонредна состојба.

Шри Ланка не го исплати во април својот странски долг од 51 милијарда долари и преговара со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF) за можна финансиска помош. Островската земја речиси ги исцрпи своите и онака сиромашни резерви од горива. Владата нареди затворање на канцелариите кои не се неопходни, како и училиштата за да го намали патувањето до работните места за да се заштеди гориво.