Претседателот на ССК, Ангелоски: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан

22

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост.

– Климатските промени силно ги допираат сите сегменти на општеството, тие не познаваат граници и не дозволуваат одложување на преземање на мерки. Мора силно да влијаеме на намалување на емисијата на јаглероден диоксид и на справување со климатските промени. Значајно е тоа што преку „Зелен навигатор“ во фаза на акредитација е Зелен климатски фонд, преку кој ќе се финансираат климатски одговорни инвестиции во приватниот и во јавниот сектор во земјите од Западен Балкан, што ќе биде значаен придонес кон забрзување на зелената трансформација, рече Ангелоски и истакна дека со задоволство ја прифатил поканата да биде дел од иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“, која ја оцени како модерна и пионерска идеја со голем потенцијал.

На настанот се обрати претседателот на Покраинската влада на Војводина Игор Мировиќ, министерката за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ, министерот за европска интеграција и меѓународна соработка Златан Клокиќ како и членови на органите на управување на „Зелен навигатор“. Беше истакнато дека од особена важност е да се забрза процесот на декарбонизација и дека овие активности мора да има континуитет, иако сега вниманието на светската јавност е насочени кон пандемијата, економската криза и воениот конфликт во Украина. Цената што се плаќа од почетокот на индустриската револуција до денес е многу висока, а тоа се одразува во континуираниот раст на штетните гасови и глобалното затоплување, затоа е многу важно да се забрза декарбонизацијата на економијата. Беше изразено и очекување дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од стопанството, стопанствениците и меѓународните финансиски институции. Цел на делувањето на „Зелен навигатор“ е и да се поттикнат државните институции да ги усогласат своите политики, за да може да се влијае на намалувањето на штетните гасови и на дигитализацијата на индустрискиот сектор, да се инвестира во обновливите извори на енергија и земјоделството, како и се друго што ќе придонесе за забавување климатските промени и нивното негативно.

Во март годинава се одржа основачкото собрание на „Зелен навигатор“ кога претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски стана член на Управниот одбор. Зелена навигатор функционира со поддршка на Развојниот и Гаранциски фонд на Војводина и Гарантниот фонд на Република Српска, а се формираше на иницијатива на претседателот на Покраинската влада на Војводина, Игор Мировиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.