Претседателот на Уставниот суд ќе оствари средба со германскиот амбасадор Герберих

Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати денеска ќе одржи средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих.

Судијата Мурати минатата недела имаше средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

По средбата, Тимоние порача дека правната држава има клучна улогa во интеграцискиот процес на земјата во ЕУ и дека Франција ќе го поддржи Уставниот суд да може што подобро да се вклопи, како во политичкиот живот, така и во самото општество на Северна Македонија.