2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ на средби со високи претставници на ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со Жан-Кристоф Белијард, директор во службата за надворешна политика на ЕУ, Ангелина Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција, Геновева Руиз Калавера, директор во Директоратот за Проширување на Европската Комисија, информираат од партијата.

На средбата бил присутен и Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.

-На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, за стратешките приоритети на државата, како и за реформските процеси важни за Република Македонија. Претседателот Мицкоски истакна дека сме сведоци на политички прогон кој се извршува врз десетина лица, а сето тоа не ја придвижува Република Македонија напред кон нејзините стратешки цели, ЕУ и НАТО, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.