Претседателот на „Заваровалница Триглав“ со нов мандат

На седница, Надзорниот одбор на „Заваровалница Триглав“ повторно го назначи Андреј Слапар, сегашниот Претседател на Управниот одбор, за уште еден мандат од пет години.

Надзорниот одбор го одобри усвојувањето на Нацрт-резолуцијата за распределба на акумулирана добивка од страна на Генералното собрание на акционери, со бруто износ по акција од 1,10 евра.

Предложената исплата на вкупни дивиденди претставува повеќе од една третина од акумулираната добивка. Предложената дивиденда е во согласност со политиката за дивиденди на „Заваровалница Триглав“, заснована на целната адекватност на капиталот.

Во согласност со оваа политика, „Групацијата Триглав“ треба постојано да располага со доволно капитал за независно да ги исполнува условите за кредитен рејтинг „А“, земајќи ги предвид идните планови на Групацијата, за раст и развој на целните пазари во Југоисточна Европа.

Покрај тоа, Надзорниот одбор е известен за подобрување на работењето на подружницата „Триглав осигурање а.д.о.Београд“, и постигна согласност за докапитализација на оваа подружница во висина до 6,5 милиони евра, со цел да се достигне потребната адекватност на капиталот. Покрај тоа, Надзорниот одбор на „Заваровалница Триглав“ го одобри ревидираниот годишен извештај на „Заваровалница Триглав“ АД и на „Групацијата Триглав“ за 2013 година.

На втората редовна седница одржана на седми април оваа година, Надзорниот одбор повторно го назначи Андреј Слапар, сегашниот Претседател на Управниот одбор, за уште еден мандат од пет години. Слапар ја извршува функцијата од мај 2013 година, при што на 11-ти ноември 2014 година започнува неговиот нов мандат на лидерската позиција на водечката осигурително-финансиска групација во Словенија, која е една од најголемите во Југоисточна Европа.

„Надзорниот одбор позитивно ја оцени работата на тековниот претседател на Управниот одбор. Во таа насока смета дека постои добра соработка меѓу Надзорниот одбор и Управниот одбор, којашто е заснована на меѓусебна доверба и претставува рамнотежа меѓу личните и деловните цели, во согласност со визијата и очекувањата на Заваровалница Триглав“, истакна Матеј Руњак, Претседавач на Надзорниот одбор. По повторното назначување, Андреј Слапар, Претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, го истакна следново: „Ова е уште една потврда дека нашата насоченост и визија за развој на компанијата се правилни. Стратешките приоритети се јасни – целта на стратегијата за периодот до 2017 година е да се одговори на макроекономските промени, да се зголеми улогата на странските пазари со цел развој на Групацијата Триглав и да се зацврсти водечката позиција во Словенија“.

Надзорниот одбор го одобри усвојувањето на Нацрт-резолуцијата за распределба на акумулирана добивка од страна на Генералното собрание на акционери – да се распредели дел од акумулираната добивка во износ од 25.008.662,80 за исплата на дивиденди, и тоа во бруто износ по акција од 1,10 евра. Предложената дивиденда е во согласност со политиката за дивиденди на Заваровалница Триглав, што е заснована на целната адекватност на капиталот.

Во согласност со оваа политика, Групацијата Триглав треба постојано да располага со доволно капитал со цел независно да ги исполнува условите за кредитен рејтинг „А“, притоа земајќи ги предвид идните планови на Групацијата, за раст и развој на целните пазари во Југоисточна Европа.

Дивидендата ќе се исплаќа на акционерите што се наоѓаат на регистарот на акционери и тоа два дена по датумот на одржување на Генералното собрание на акционери, а во рок од 30 дена од датумот на донесување на предложената резолуција. За распределбата на преостанатиот дел од акумулираната добивка во износ од 52.817.506,71 евра ќе се одлучува во претстојните години.

Покрај тоа, Надзорниот одбор беше известен за подобрување на работењето на подружницата Триглав осигурање а.д.о., Београд, и постигна согласност за докапитализација на оваа подружница во висина до 6,5 милиони евра, со цел да се достигне потребната адекватност на капиталот.

Надзорниот одбор ги одобри измените на политиката за управување на „Заваровалница Триглав“ АД. Прочистената верзија ќе биде објавена како посебно известување и ќе биде достапна на интернет страницата на компанијата. Покрај тоа, Надзорниот одбор беше запознат со Годишниот извештај за внатрешна ревизија на „Заваровалница Триглав“ АД за 2013 година, изготвен од Одделот за внатрешна ревизија.