Претседателот наш бугараш???

Дел од песната Во Борба Македонски Народе (инспирација од почетокот на последната емисија на Миленко Неделковски)

Излеговме ние смели партизани,

над нас на Гоце знамето се вее

во гори, полја и на сите страни

фашистичка крв

насекаде се лее.

Колку само гордо звучат овие патриотски стихови. Колку партизаните биле свесни за својата државност. Меѓутоа нивните наследници насликани во ликот и делото на Стево Пендаровски едноставно те мамат да почнеш да размислуваш и да си поставиш дилема: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НАШ БУГАРАШ???

Каква ли само капа ни кројат нашите источни соседи – Република Бугарија, а ниту еден наш политичар, аналитичар или пак СДС-овски медиумски сперматоитодоман од целокупната власт несмее ниту да помисли да се побуни и да постави граница до каде некој може да те навредува и да си поигрува со твоите чувства? Последните изјави дадени се под притисок на јавноста и тие не се воопшто искрени.

Мојот татко Владимир Грозданов, иако е починат 25 години, сепак од него сум научил една многу благородна филозофија: Колата и жената може да ја вози само еден маж. Да се знае кој е газда. Обратното е неприфатливо.

Големите баратели на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ потпомогнати од СДС-овските медиумски сперматоитодомани, го нарекуваат Христијан Мицковки дека бил многу мек во неговите ставови за Македонија. Но, вистината е далеку поинаква. Впрочем лидерот на опозицијата не е мек во ставовите, туку напротив воспитувањето не му е насилно. Неговиот татко проф.др. Иван Мицковски во времето на некошната Југославија добил награда која за прв пат била напишана на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. И уште нешто. Христијан Мицкоски е воспитан во еден христијански дух од неговиот дедо, кој бил уредник на дописната мрежа на некошниот „Трудбеник“ издаван на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Иако е тивок и културен, сепак е голем патриот и ја знае границата на црвената линија. Затоа има голема поддршка. Ако се однесува спротивно, само ќе биде бледо сеќавање.

Стевчо Јакимовски за нашите 24 години пријателство сум го слушнал само два пати разочаран. Еднаш во 2013 година кога СДСМ несакаше да иде во редовен термин на локалните избори, на кои со сето право сам настапи и победи за доброто на граѓаните на Општина Карпош. Но, многу поразочаран и многу поважно кога се потпиша Преспанскиот Договор и ми го кажа следново: Виктор запамти, името сега е најмалиот проблем, ама внатрешноста во договорот е катастрофален проблем. И така од сите институции го изгубивме делот МАКЕДОНСКА (Филхармонија, Опера и Балет, Радио телевизија итн).

Затоа го има најголемото право да го каже следново: Ние мораме да го раскинеме договорот со Бугарија.

Впрочем пораката е дека: Македонија не е село без кучиња. И тоа не што само лаат, туку р’жат не се држат.

За разлика пак, Зоран Заев мисли дека Република Македонија е фирма приватна каде не важат ниедни правила. Впрочем мора да разбере дека он не е трговски патник, па да продава вино и кај оние кои не им е во културата на консумација. Но, Зоран Заев е друга приказна.

Но, сепак:

Дали може истото да се мисли и за Претседателот На Македонија?

Дали Претседателот на Македонија или некогашниот Стево, разбира која е функцијата која ја извршува?

Дали Претседателот На Македонија разбира КОЈ Е ГАЗДА ВО КУЌА?

Моето лично чувство е дека Претседателот на Македонија ги заборавил следниве работи и со гордост сака да си го наметне новиот надимак: Стево звани Буги (скратено од Бугараш).

Прва работа што ја заборавил е химната каде не постои Даме Груев:

Првата снимена верзија на песната, денес химната на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, поместена како прва песна на третата по ред лонг-плеј грамофонска плоча во изведба на триото: Васка Илиева, Никола Бадев и Александар Сариевски, пропратени со звуците на хармониката на Кочо Петровски. Текстот е напишан во 1941 година од Владо Малески.

Од ново сега знамето се веје,

на Крушовската република,

На Гоце Делчев, Питу Гули,

Карев, Влахов, Сандански!

А ВО ЧЕСТ НА ДЕНКО МАЛЕСКИ „големиот научник“ за македонско-бугарски односи го пренесувам следниов цитат:

„Со оглед на приликите, тоа секаде се прави да не падне во очи пречекот на новата година имаше за цел да се собере младината и под оваа форма да се разговара за претстојниот вооружен отпор против фашизмот. Тогаш се информирав и за нападот на полицискиот участок во Прилеп и нападите во Куманово. Што се однесува на програмата за дочек на нова година јас, Боро Путе и Димче Кошарко, ја подготвивме песната ’Денес над Македонија’, која набрзо потоа ќе стане најпопуларна песна во цела Македонија и која до ден денеска се одржува како еден вид македонска химна.“ — Владо Малески.

Втора работа која ја заборавил е неговиот корен од Галичник и затоа мора да допреме до неговите срце и разум за да биде она што е: МАКЕДОНЕЦ, А НЕ БУГАРАШ.

Прво да си ја ислуша на раат песната Кондисал Ајрадин Паша и да си ги повторува стиховите како што се Галичник Село Големо, Стамбол на ќутук пишано. Еее каков патриот бил Тодор со ќеаите (сопственици на овци) кога со јагне сугаре (а, најверојатно со жолтици) сеља на паша чинејет.

Второ убаво да прочита уште еднаш за Ѓорѓија Пулески писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач. Пулевски е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од првите речници на македонски јазик.

Еве што велел Ѓорѓија Пулевски:

Народ се вељид, људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који, живувајед и кои се другарад еден, со, други, и који, имајед, једнакви, обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ а место, во које живувад, народ, се вељид отечество, од тои народ.

Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.

Константин Везенков бил воодушевен од патриотизмот на својот познаник Ѓорѓија Пулевски искажан во неговите авторски песни за Филип и Александар Македонски,

Дал’ сте чуле, Македонци, стари људи оту говорат:                  

От Македонци појунаци над них не било-

Цар Александар Македонски тристо лета пред Христа

Со Македонци сву вселену повладал

Наш краљ Филип – Славјанин је, Цар Александар – Славјанин

Наши баби Славјанки ги родиле.

Македонци, сетите се за јунакство македонско,

та спроти старих вије сега да следувате. 

Трето, а тоа е Бугарскиот државен концепциски фашистички шовинизам кон Евреите.

Замисли големиот Претседател на Македонија воопшто не реагираше кога неговата матична партија СДСМ ја прогласи Рашела Мизрахи за антидржавен елемент. Ама затоа пробува да не’ убеди дека од Македонија биле депортирани 7.200 Евреи кон логорот на смртта Треблинка од некои поединци, по случајност Бугари, за време на Втората Светска Војна. Ама вистината е поинаква. Бугарите биле фашисти окупатори на Македонија кои подоцна како најдолни кукавици се поклониле на Црвената Армија.

Четврто, а тоа е она што многу боли кога гледаш како Македонија воопшто не се грижи за својата култура и како свесно од незнаење ги гази со ѓон од војнички цокули Македонската песна и Македонскиот јазик.

На позната бугарска музичка телевизија започнува најава која вели: Б’лгарска Песен от Македонија – Зајди, зајди јасно сонце.

Најпознатата македонска песна на сите времиња, во меѓувреме симбол за што македонската музика стои и претставува: широки, отворени хармонии, моќни акорди, јужен мол, текст со тема на загуба (младоста, овде конкретно) итн. Уште од отварање на првата а-мол линија: Зајди, зајди јасно сонцеее… слушателот знае на која територија е, емоционално и географска.

Еве вака пишуваат со многу чувство за реалноста стручни музички списанија, а јас само знаев каде да го најдам, прочитам и пренесам на останатите.

Заклучок:

За разлика од мене Престедателот на Македонија не барам да знае како да го реши проблемот, туку да има чувство дека е ова проблем со сериозен шовинизам и негирање на македонската нација и македонскиот јазик.

Но, во незнаењето не е осамен, тука му е на помош целиот државен врв.

Наместо неискрени изјави во празно, за спасување на политичкиот задник свој и на Владата, нашиот Претседател кој сериозно ако несака да го викаат Бугараш, може слободно да ја изгледа емисијата на Љупчо Цветановски со нашата позната Андријана Јаневска и да и го изгледа концертот со македонски песни, а воедно и да ја пронајде пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ за односот на Бугарите кон нашите македонски песни.

Сепак, најтрагично е тоа што Бугарите воопшто не се глупави и баш ме интерсира како ќе им објаснат нашиве затоа дека официјален јазик на сите спортски канали Спорт Клуб, Арена Спорт и Евроспорт е Српски или Хрватски. Тогаш ќе речат нема пречка дека може да биде и на Бугарски, за добрососедство и почеток на преговори со Европскиот Сојуз. И сеа еве како ќе изгледа реакцијата на целиот државен врв заедно со Претседателот: Ееееееееееееј, абе што ни направија?

Еве Ви го мојот одговор: Ви го учукаа до балчак Бугарите, тие неизбањатите источњаци за две червини (според СДС).

Препорака:

Претседателот треба само да биде паметен како др. Владо Бучковски и др. Маријан Ѓуровски. Да го дигне телефонот и да направи средба со Зоран Петров-Антена 5 и Јован Најденовски – МАСИТ. За да ја спасат Македонија од неизбежниот срам што доаѓа.

П.С. Ана Пановска во неделникот „Фокус“ ќе ги каже следниве моќни зборови: Кога власта нема да владее и кога се однесува како невладина организација, на таква власт баш и стојат зборовите: Немаме надлежности, законот не ограничува, немаме овластувања… Тогаш навистина се’ ќе зависи или од свеста на луѓето или од волјата на подземјето, кое знае како да владее.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.