Претседателот Пендаровски е во официјална посета на Косово

Шефот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, покрај со неговата косовска колешка Османи-Садриу, Пендаровски во рамки на еднодневната официјална посета ќе има средби и со претседателот на Парламентот на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.

Во рамки на престојот во Косово, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на Мисијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.