Претседателот Иванов во рамки на посетата на дојранскиот регион денеска го посети село Фурка.
Во село Фурка, претседателот Иванов и локалното население разменија мислења околу потребните инвестиции и искористување на постоечките можности за економски развој на овој крај.
На средбата со претседателот Иванов, жителите на село Фурка ја истакнаа потребата од санација на локалниот пат и изградба на канализациона мрежа.
Воедно, беше изразено задоволство од реконструкцијата на основното училиште и изградбата на повеќенаменско игралиште, како особено значајни за образовниот развој на младите од ова село.