Претседателскиот погребен марш

532

Оваа колумна морав да ја започнам со професорката Ганка Цветанова Кедева и нејзиниот осврт за најголемиот успех на фудбалската репрезентација. Мислев дека никогаш нема да доживеам да играме фудбал на Европско Првенство, но и да го прочитам овој прекрасен збор: ОИКОФОБИ.

Професорката Ганка Цветанова Кедева ја објаснува научно омразата искажана против емотивниот и човечки настап на коментаторот на МТВ кој беше нападнат од провладините активисти и поддржувачи.

„Оние кои се избезумени од патриотскиот говор на Тони Стојановски, во политичката теорија ги нарекуваат оикофоби – претставници на либералните политички елити кои имаат потреба да го отфрлат и омаловажат сопствениот народ, култура и обичаи. Ние Македонците од оикофоби си патиме“, ја објаснува омразата кон Стојановски професорката Цветанова Кедева.

Па, велам да и’ помогнам со два соодветни примери:

Горан Михајловски од „Сакам да Кажам“, со дел од неговата колумна „Европо Довиждане“:

На крајот на краиштата, баш ми е гајле што изјавиле Румен Радев, Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов. Проблемот е што Европската унија, во која уште гледаме некој добар модел и пример за демократија, добро владеење и благосостојба легитимира практика една држава да бара од друга држава и од цел еден народ да се откаже од идентитетот.

Сашо Ордановски со негови  цитати од колумни:

Тие ни за изборите во Штип немаат „стратегија“, што остана, пак, за односите со Бугарија.

Аууууу, отиде бугарскиот воз во пченките.

Море мајката види ги патриотиве. Овие истиве што не’ убедуваа дека треба Бугарите да се сладат со изметот од пчелите, а ние Македонците од Пчеларот и да велиме: Што е убаво и слатко, мммммм!!!!!!

Впрочем овие двајца се дел од едно поголемо друштво што има извршено врз нашата држава Здружен Злосторнички Оикофобски Чин. Да, да.

За жал голема, дел од ова друштво е и лично и персонално некогашниот Стево т.н. Претседател на Македонија.

Дел од текстот подоле ќе биде во изворна форма, не затоа што ме мрзи, туку затоа што несакам. И тоа од инает на тоа како се однесува целата наша држава кон македонскиот јазик.

Дигресија: Сите спортски канали кои се реемитуваат на територија на Македонија мора без исклучок и без размислување да се коментираат на македонски јазик и на албански јазик, затоа што во медиумите нема јазичен национализам и има техничка можност.

Но, ние Македоците сме глупи, тупи, ретардирани и купени за 100 евра, ама гледам дека и Албанциве се исти како нас.

Да ја објаснам пластично ситуацијата преку една легенда на југословенската драматургија, Душан Ковачевиќ. Каква моќна порака ни дава оваа легенда.

„Ne treba nama neprijatelj da bismo mi sebe dokrajčili, naša sadašnjost staje u jednu reč – PODELE“

А, сега читајте внимателно. Јас бев видно изненаден. Верувам дека и здивот ќе Ви застанува. Обратете внимание. Изненадувањето е многу поголемо од она сознание кога голем дел од Вас дознаа дека Бошко Буха не го глуми Славко Штимац.

 “Maratonci trče počasni krug” je verovatno najpoznatije ostvarenje srpske kinematografije. Jedan od najuspešnijih domaćih dramaturga modernog doba, Dušan Kovačević, napisao je ovaj komad u svojoj dvadeset četvrtoj godini, dok je još uvek bio student.

Desetak godina kasnije, njegova drama je ekranizovana, pa je tako od jedne amaterske pozorišne predstave nastao film, koji mnoštvo generacija gotovo zna napamet, piše Kultiviši se.

Komad je u početku bio zamišljen kao ozbiljna kritika društva kroz tragediju, ali je na Kovačevićevo iznenađenje publika dramu prihvatila kao izuzetno duhovitu, verovatno ne shvatajući njeno pravo značenje.

Svi znamo fabulu, ali nismo svesni njene minornosti u odnosu na značajno dublji sloj skrivenog kazivanja.

Smatra se da je Kovačevića za pisanje „Maratonaca“ podstaklo ukidanje stipendije za njegove studije, iz njemu nepoznatih razloga. Plašeći se za finansijsku izvesnost nastavka njegovog obrazovanja, obračunao se sa tadašnjom vlašću koju je u svom delu predstavio kao pogrebno preduzeće.

Nakon Pantelijine smrti, kroz čiji je lik predstavljen i sam Tito, preduzeće (država) se raspada tako što naslednici pokušavaju da rasparčaju imovinu. Pantelija im, u stvari, nije ostavio ništa. Na taj način, Kovačević dvadeset godina ranije predviđa neodrživost jugoslovenske državne zajednice.

Na vlasti su grobari, koji sahranjuju talente, veštinu, mladost i, uopšte, sve što vredi u zemlji. Svojom pokvarenošću, nesposobnošću, halapljivošću, teraju sebi suprotne iz zemlje ili u zemlju kako bi dobili veću moć.

Interesantan je način na koji je Kovačević predstavio smrt. U delu umire/strada gotovo svaki lik koji se pojavljuje, osim porodice Topalović. Oni žive dugo, čak i preko sto pedeset godina, i niko ih ne može zaustaviti.

Na kraju filma ostaju živi sa iskazanom namerom da počine još neko nedelo. Jasno je šta je Kovačević hteo da prikaže sa ovim – takvi ljudi ne umiru, nepobedivi su.

Овие луѓе остануваат непобедиви само ако ние останеме рамнодушни кон нив и нивните деструктивни потези кон целокупното наше општествено уредување.

За некогашниот Стево т.н. Претседател на Македонија наши заеднички другари ми велат дека не заслужил такви жестоки критики од моја страна. Морам да напоменам дека од тимот на некогашниот Стево т.н. Претседател на Македонија, никој не ми се обратил и дека однесувањето е џентламенско. Ова се наши лични другари. И јас ќе ги послушам и веднаш барам да се исполнат две задачи и да размисли на еден предлог:

Задача 1.

Некогашниот Стево т.н. Претседател на Македонија веднаш да започне со политичка дисквалификација и елиминација на Никола Димитров – Ники, кој срамно ја лажеше јавноста во емисијата кај Гоце Михајловски. Да дојде Ники и да ми покаже каде во изводот од матична книга на родените на мојот син постои националност. Постои само Државјанство: Македонско (граѓанин на Република… Македонија). Син ми е Македонец, ама за по дома за мама и тато и двете дади. Ама слушам дека многу ја лажел и државата. Затоа постои Агенција за разузнавање да провери какво било судењето на ТМФ, од кај пари за амстердамската тројка, има ли Апартаметнт на некој Етаж десно од асансиорот? итн.

Задача 2.

Веднаш без размислување да го раскине договорот за добрососедство со источните соседи и не да го нарече однесувањето нивно како неофашистичко ,туку прецизно да каже дека на сцена е Големо Бугарски Шовинизам. Без ниту момент размислување.

Предлог:

Да размисли убаво дали можеби имаме формула за мир во куќа кога би ја слушал оваа прекрасна мелодија:

Заветна

Текст: Ѓорѓи Барбаровски

Пр.изведба: Пепи Бафтировски – 1991 г.

Оригинален аранжман: Миле Барбаровски

Негде ќе те премолчат

негде ќе те сокријат

гроб со гроба ќе покријат

само ти си бесмртна жива вода подземна

кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни заедно ќе минеме

древна земјо Македонска така е пишано,

ништо да не бидеме ти без мене јас без тебе…

Бидејќи од ова нема ништо да биде моето лично мислење за него ќе може да го чуе наскоро во „Заспиј ако можеш“ кај Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Впрочем тоа е во насока дека ако претходните живи претседатели неговите другари од СДСМ ги нарекуваат дека едниот молчи како залиен, а другиот бил фикус. Тогаш за него може да се каже дека е Каранфил не како симбол на првомајски и партизански маршеви туку галичички каранфил (Dianthus galicicae) и се корист при Претседателски Погребен Марш со исмејување на македонскиот народ и целата негова историја.

Да живее Македонија!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.