Претседателските кандидати на митинзи и средби со граѓаните

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „“За подобра Македонија, Ѓорѓе Иванов денеска ќе одржи митинзи во Македонски Брод и Кичево, како и помал митинг во Пласница.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски ја продолжува својата кампања со митинг во Гази Баба и средби со граѓаните во Илинден, Петровец и Зелениково, додека претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски ќе одржи митинг во Охрид и ќе оствари средби со граѓаните на Ресен, Дебарца и Струга.

Огранокот на ДПА од Струга организира средба со новинари по повод настаните што се случија по објавувањето на листите на кандидатите за пратеници во овој изборен циклус.