Претседателските кандидати на митинзи и средби со граѓаните

Кандидатите за претседател и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања  со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места.

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ , ќе одржи митинзи во Валандово и Струмица, како и помали митинзи во Босилово, Василево и Ново Село.

СДСМ, со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Гевгелија и средби со граѓани во Дојран, Валандово и Богданци.

Средби со граѓани ќе одржи и  ДУИ и тоа во скопските општини Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари.

Коалицијата ГРОМ,  со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Велес и средби со граѓани во Чашка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.