Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи во посета на Украина

Претседавачот со ОБСЕ министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи денеска ќе ја посети Украина и ќе се сретне со високи претставници. Ова е прва официјална посета на министерот Османи како претседавач со ОБСЕ. Средбите на министерот Османи ќе се фокусираат на хуманитарните и безбедносните предизвици со кои се соочува земјата поради тековната војна на Русија против Украина.

Дискусиите ќе ги опфатат и најитните потреби на народот, институциите и граѓанското општество на Украина, како и улогата на ОБСЕ во зајакнувањето на отпорноста на земјата и справувањето со бројните предизвици што се појавуваат. Министерот Османи ќе го посети и регионот на Киев за од прва рака да го набљудува влијанието на војната врз цивилите и цивилната инфраструктура и да се запознае со обемот на меѓународната помош потребна во областа.