Театарската претстава „Тобелија“ на Лубомир Јурковиќ, најистакнат современ драмски автор во Црна Гора, ќе се одржи утре од 20.30 часот во Детскиот театарски центар во Стара Чаршија во Скопје.
Претставата е во режија на Словенецот Ник Упер. Играат: Јоана Поповска, Розита Огњанова и Камелија Лишковска.
Ова е меѓународен театарски копродукциски проект на Мал драмски театар – Битола, од Македонија, Екс Понто од Љубљана, Словенија и Државно куклен театар и Фестивал за камерен театар од Враца, Бугарија.
Претставата е во организација на Скопско лето.