Претставен паметниот телефон Pixel 5 на Google

Американската технолошка компанија Google на редовната септемврсика презентација го претстави својот водечки паметен телефон Pixel 5 кој може да функционира на најновата петта генерација на мобилните мрежи.

Како што беше прикажано на презенатацијата на YouTube каналот на компанијата, екранот на Pixel 5 претрпел големи промени во однос на „четворката“. Дисплејот сега нема рамка, благодарение на напуштањето на сензорот Motion Sense, а предната камера до 8 мегапискели сега е вградена во матрицата. Таа, пак, е создадена по OLED технологијата, со дијагонала од 15,25 сантиметри и резилуција од 2340 x 1080 пиксели. Екранот може да ја ажурира сликата со фреквенција од 90 Hz.

Телефонот Pixel 5, како што се очекуваше, е создаден на чипсетот Snapdragon 765G, кое иако е моќно решение, според аналитичарите на пазарот е далеку од врвно. Има само една конфигурација на меморијата: 8 GB оперативна и 128 GB просторна. Смарфонот работи со мобилната мреже 5G и фреквенција под 6 GHz и mmWave.

Паметниот телефон доби безжично полнење, способен за реверзибилно полнење на други уреди, како што се на приме компатибилни безжични слушалки. Патем, капацитетот на батеријата е зголемен на 4080 mAh, а моќноста на кабелското полнење е 18 W.

Во новата генерација на Pixel, компанијата се откажала од телефото. „Петката“ доби два сензора: главниот од 12,2 мегапиксели со оптичка стабилизација и од уптраширокоаголен од 16 мегапиксели.

Истовремено со Pixel 5 беше претставена и 5G верзијата на „помладиот“ телефон на Google – Pixel 4a. Покрај работата во мобилните мрежи од петтата генерација, овој паметен уред се разглиува од оригиналната 4а верзија во платформата: Snapdragon 765G за разлика од претходната Snapdragon 730.

Водечкиот модел на паметниот телефон на Google ќе чини 699 американски долари, а помалата верзија со поддршка за 5G ќе чини 499 долари. Новите производи ќе бидат пуштени во продажба од средината на октомври во 15 земји во светот.

https://www.youtube.com/watch?v=ku83x6kx8WA&feature=youtu.be