Претставен службениот емотикон на Twitter за крунисувањето на британскиот крал

Бакингемскиот дворец го претстави официјалниот емотикон на социјалната мрежа Twitter за крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети на почетокот од мај.

Сликата ја прикажува златната круна на свети Едвард украсена со скапоцени камења и лилаково кадифе од XVII век, со којашто ќе биде крунисан новиот британски монарх на 6-ти мај.

Станува збор за првиот емотикон за британското крунисување, имајќи предвид дека последното претходно се одржа пред 70 години кога е крунисана сега починатата кралица Елизабета Втора, односно далеку пред појавата на технолошките напредоци како интернетот, мобилните телефони и социјалните мрежи.

Бакингемскиот дворец објави дека сликичката на Twitter ќе се појави на 10-ти април при користењето на клучните зборови “#Coronation, #CoronationConcert, #CoronationWeekend i #CoronationBigLunch”.

Емотиконот за платинестиот јубилеј на покојната кралица Елизабета Втора беше песот од расата корги „PJ“ кој носеше круна. Сликичката на веселото корги, омилената раса на починатата кралица, се појави на службената корисничка сметка на монархијата на Twitter со пораката „Запознајте го ПиЏеј, нашиот емоџи за јубилејот“.

Тогаш песот носеше виолетова и платинеста круна, што беа официјалните бои на јубилејот, го плазеше јазикот и се појавуваше секогаш кога корисниците на Twitter ги користеа клучните зборови поврзани со јубилејот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.