Претставена Барби куклата ‘Дејвид Боуви’

Светскиот производител на играчки „Mattel“ во четвртокот ја престави лимитираната серија од познатите Барби куклу „Дејвид Боуви“, гест со кој му се оддава признание на легендарниот британски пајач по повод 50-годишнината од објавувањете на неговиот сингл „Space Oddity“

Куклата е облечена во трико од сјаечка метализирана ткаенина со соодветените црвени чизми со платформа и другите вселенски додатоци и го претставува ликот Зиги Стардаст, бисексуалниот двојник на Дејвид Боуви.

„Славејќи ги двете икони на поп културата, Барби му оддава признание на најголемиот поп-камелеон, британскиот пејач, текстописец и актер Дејвид Боуви чиишто драматични музички трансформации продолжуваат да влијаат и да инспирираат“, објавија од „Mattel“ најавувајќи ја куклата којашто ќе се продава по цена од 150 американски долари.

Во соопштението се додава дека со оваа кукла се оддава признание на „културното наследство на музичкиот гениј кој го редифинираше рокенролот“.

Дејвид Боуви, кој почина во 2016 година, своевремено изјави дека инспирацијата за неговиот сингл „ Space Oddity“  од 1969 година бил епскиот филм на Стенли Кјубрик „2001: Одисеја во Вселената“, објавен една година порано.