Претставена првата фотографија на црна дупка

Фото : Event Horizon Telescope Collaboration

Меѓународна група научници ја претстави во средата пресвртницата во астрофизиката, првата во историјата фотографија на црна дупка, која е плод на повеќегодишен труд на проектот Event Horizon Telescope кој овозможи увид во импресивните небески објекти.

Ова историско достигнување го овозможи глобалната телескопска мрежа составена од низа телескопи стационирани на Земјата во проектот кој се смета за испит на општата теорија на релативноста на славниот физичар Алберт Ајнштајн. Откритието беше претставено на прес-конференции одржани истовремено во Вашингтон, Брисел, Сантијаго, Шангај, Тајпеј и Токио. Фотографијата открива црна дупка во центарот Мезиер 87, масивна галаксија оддалечена околу 54 милиони светлосни години од Земјата.

„Ова е извонреден ден за астрофизиката. Гледаме што досега не беше невидливо“, рече директорката на Американската национална научна фондација (U.S. National Science Foundation), Френс Кордова.

Истражувањето всушност претставува тестирање на теоријата на општата релативност којашто во 1915 година на поставил физичарот Алберт Ајнштајн објаснувајќи ги законите на гравитацијата и нивната поврзаност со другите природни сателити.

Супермасивната црна дупка со ознака М78 има маса од 2,5 милијарди од масата на Сонцето. Црните дупки се различни според величините, а се формираат во текот на колапсот на масивните ѕвезди на крајот од нивниот животен циклус. Супермасивните црни дупки од нив се разликуваат, поголеми се и растат проголтувајќи ја материјата и радијацијата и може да се претопуваат со другите црни дупки.

Фактот дека црните дупки не дозволуваат пробив на светлината го отежнува нивното набљудување. Научниците го барале светлосниот прстен, испрекината материја и радијација која кружи со застрашувачка брзина на работ од хоризонтот на настанот, околу областа на темнината која е црната дупка. Тоа се нарекува силуета или сенка на црната дупка. Научниците во проектот EHT ги добиле првите податоци во април 2007 година, користејќи ги телескопите во американските сојузни држави Аризона и Хаваи, како и со телескопите во Мексико, Чиле, Шпанија и на Антарктикот. Од тогаш на глобалната телескопска мрежа придодадени се и телескопите поставени во Франција и на Гренланд.

 

Црните дупки – вселенските чудовишта

Масивните, супермоќни црни дупки кои ја голтаат материјата, се најголемата енигма во Вселената и сѐ до денеска 10-ти април 2019 година, кога беше објавен историската снимка, не беа директно набљудувани.

Црната дупка е вселенско тело кое поседува екстремно голема маса во многу мал волумен. Симболички, тоа е како кога Земјата би била компримирана и натискана во шивачки напрсток или на пример кога Сонцето би имало дијаметар од само шест километри, сликовито објаснува Ги Перен за AFP, астроном во Париската опсерваторија (PSL).

Според Ајнштајновата теорија за општата релативност која овозможила да се објасни строежот на црната куќа, гравитациското привлекување на „овие чудовиште“ има таква природа што ништо ме може да му побегне, ниту материјата, ниту светлината, без оглед на брановата должност. А тоа значи дека е невозможно директно да се набљудува црната дупка. Покрај тоа, силата на гравитацијата емитувана од црната дупка е феноменална што е невозможно да биде репродуцирано слично опкружување во лабораториски услови.

Двете црни дупки забележани благодарејќи на научниот проект Event Horizon Telescope се всушност две супермасивни црни дупки. Првата, Сагиториус А (Стрелец А) е во центарот на нашата галаксија Млечен пат, оддалечена 26.000 светлосни години од Земјата. Нејзината маса изнесува 4,1 милион пати од масата на Сонцето. Нејзиниот дијаметар е десетти дел од оддалеченоста меѓу Земјата и Сонцето. Масата на втората супермасивна црна дупка ма 3,5 милијарди маси од Сонцето и 1.500 пати е поголема од Сагитариус А. Сместена е 54 милиони светлосни години од Земјата, во центарот на галаксијата М87. Многи е поголема од Сагитариус А, но е оддалечена е од Земјата, така што набљудувана од неа „би изгледала помала од Сагитариус А“, се наведува во соопштението на Event Horizon Telescope.