Претставничкиот дом го надгласа ветото на Трамп за законот за финансирање на одбраната

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го прегласа во понедленикот ветото кое го вложи претседателот Доналд Трамп на заонот за одбраната во износ од 740 милијарди долари, со што ќе се најде пред Сенатот за потврда.

Долниот дом на американскиот парламент во кој демореите имаат мнозинство со 322 гласови „за“ и 87 „против“ го прегласа претседателот Трамп со помош на 109 републикански пратеници, кои се залагаат за ваков закон со кој се регулира финансирањето на националната безбедност, а кој американскиот претседател го нарече подарок за протвиниците на САД.

Гласањето укажа на поделните во Републиканската партија. Ветото на Трамп сега е во рацете на Сенатот во кој републикнците имаат мнозинство и кој треба да гласа оваа семица. Доколку Сенатот го надгласа ветото, законот ќе стапи на сила и тоа ќе биде првпат во мандатот на Трамп да е прегласано негово вето.

„Законот не вклучува важни одредби за националната безбедност, содржи точки кои ги навредуваат нашите ветераи и воената историја, и е во спротеивноста со напорите на владата да го осигури приматот на САД во областа на националната безбедност и надворешната политика. Тоа е подарок за Кина и Русија“, истакна Трамп во своето образложение испратено до Претставничкиот дом.

Трамп го критикуваше предлогот за отстапува од точката за етиката во сферата на комуникациите од 1996 година, ког ги штити технолошките компании од правни дејствија за објавување, бришење или на друг начи моредирање на содржината генерирана од корисниците на социјалните медиуми.

Другата важна причина за ветото на законот се одредбите за задолжителното преименување на воените објекти и бази именувани по воените водачи на Конфедералните држави на Америка во периодот на Граѓанската војанво САД (1861-1865) и ослободувањето на сите други историски сомболи од некогашниот робовладетелски Југ. Трамп, истп отака, не беше задоволен и од ставките кои се однесуваат на ограничување на намалувањето на американските трупи во Авганистан, Јужна Кореја и Германија, како и до намалувањето на буџетите за финансирање на силите на некои американски сојузници.