Преведени сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот јазици

Собранието преведе над 35 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици.

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, известија дека „преводот веќе е подготвен, додека Собранието работи на завршување на другите постапки, така што дискусијата за овој закон ќе започне што е можно побрзо на третото читање на пленарната седница”, известува Шења.

Од кабинетот на Џафери, исто така, потенцираат дека откако сите постапки ќе бидат подготвени, преку веб-страницата на собранието, јавноста ќе биде веднаш информирана за закажаната седница каде на дневен ред ќе биде овој закон.