Презел фотографии од Фејсбук па креирал лажни профили

Гостиварец презел фотографии од профил на девојка од Кичевско и креирал лажни профили, информираше МВР.

Станува збор за А.Х.(27) против кого Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци.

Според полицијата, осомничениот од 2010 до 2018 година, без претходна согласност преземал фотографии на 28 годишно женско лице од село Вранешница, поставени на социјалната мрежа Фејсбук. Потоа истите ги употребил за креирање на лажни профили на повеќе социјални мрежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.