ФОТО: „Преживеа“ украинската влада

Украинската опозиција побара да се гласа за доверба на владата на премиерот Николај Азаров, по повеќедневните протести поради одлуката на властите да не го потпишат договорот за приклучување на Украина кон Европската унија и насочување кон Москва.

Предлогот на опозицијата беше поддржана само од 186 пратеници. Тројца пратеници гласаа „против“, а останатите биле „воздржани“.

украйна

Согласно Уставот на Украина, Кабинетот може да биде соборен при гласање недоверба само ако 226 пратеници гласале за тоа од 450-члениот парламент.

Лидерите на опозицијата ги изразија своите ставови за ситуацијата и иднината на земјата за време на дебатата во парламентот.

Шефот на партијата „Баткивштина“ Арсениј Јаценјук ги повтори барањата на опозицијата и демонстрантите, кои вклучуваат распуштање на кабинетот и подигање на обвинение против министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко, кој според опозицискиот лидер наредил да се напаѓаат демонстрантите на „Мајдан“ во четри часот наутро на 30 ноември.

Јаценјук изјави дека околу 200 криминалци, најмени од Партијата на регионите , биле донесени во парламентот по наредба на претседателот на Владимир Рибак.

Владимир Ариев од опозициската партија „Баткивштина“, пак за новинарите изјави дека во парламентот има сомнителни млади мажи, на кои се смета дека им платено за создавање на провокација . Тие одбиле да покажат лични карти при влез во зградата. Но шефот на обезбедувањето најави дека тие се дел од чуварите, истакна Ариев.

Лидерот на националистичката „Слобода“, Олег Тјагнибок изјавил пред пратениците дека ситуацијата во Украина е катастрофална, како на економски, така и на политички план.

„Ги повикувам луѓето да се соочат против властите. Не се предавајте Украинци“, истакнал тој од говорницата.

Лидерот на партијата „УДАР“, Виталиј Кличко исто така, го повика на говорницата претседателот Виктор Јанукович да поднесе оставка.

„Комунистичката партија на Украина инсистира на прекин на немирите во општеството“, изјави лидерот на комунистите Петр Симоненко од парламентарната говорница, истакнувајќи дека националниот референдум може да го спречи противењето во општеството.

Парламентот ја поддржа одлука да се покани премиерот Микола Азаров и членовите на владата во за разгледување на прашањето за одговорноста на кабинетот.

Предлогот беше поддржан од 368 пратеници.

„ РИА Новости“ соопшти дека Азаров и други министри се обиделе да влезат во парламентот утрово, но не успеале поради масовниот протест пред зградата на парламентот.

Малку подоцна Азаров и министрите од неговиот кабинет пристигнаа во зградата. Азаров се извинил за прекумерната употребенасила од страна на полицијата за време на протестите и ветил дека ќе бидат осудени одговорните.

Азаров исто така, најави дека неговиот кабинет подава рака кон демонстрантите и им нуди да преговараат со владата за ситуацијата. За време на неговиот говор опозициските партии постојано извикувале „оставка“.

Во меѓувреме, претседателот Јанукович најавил дека ефектот од договорот за пријателство, соработка и партнерство меѓу Русија и Украина, автоматски е продолжено до први април 2019 година.

Инаку илјадници демонстранти кои го поддржуваат приближувањето меѓу Украина и ЕУ, се собраа околу парламентот, забележува „Франс прес“.

Некои од демонстрантите се упатија кон зградата на Владата, за да го блокираат пристапот до неа, како што направија вчера.

Повеќе од 10 автобуси со претставници на силите на редот се распоредени во центарот на Киев, 92 полицајци биле примени во болница со повреди по судирите со демонстрантите во Киев на први декември, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Повеќето од настраданите имаат повреди на рацете и нозете, како и скршени ребра и искинати лигаменти.