Преживеаните остануваат до петок на болничко лекување во Пирoгов, се прави план за нивен транспорт во Скопје

Министерот за здравство Венко Филипче, во средата утрото разговарал со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја стравичната  сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро.

Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.