Преживеа авионска несреќа, па почина на фудбал

252

Бразилскиот спортски новинар 45-годишниот Рафаел Хензел, еден од шесмината преживеани во авионската несреќа на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, почина од срцев удар додека играл фудбал со пријателите.

Хензел беше едно од шесте лица кои во ноември 2016 годна го преживеаја падот на авионот со кој фудбалерите на Чапекоензе патуваа во Меделин на првиот натпревар од финалето на Кипа Судамерикана. Авионот на боливиската компанија „Lamia“, британскиот „Aerospace 146“ се урна неколку минути пред слетувањето на аеродромот „Хозе Марија Кодоба де Рионегро“ во близина на колумбискиот град. Во несреќата загинаа 71 лице од кои 19 фудбалери на бразилскиот клуб. Покрај Хензел, преживеаја и тројца фудбалери, стјуардеса и авионскиот техничар.

Хензел од несреќата закрепнуваше цела година, а потоа се врати на работа во радиото во градот Чапеко. Ја издаде и книгата под наслов „Живеј како да утре ќе си заминеш“ во која го опишува своето искуство во кобната несреќа, но и мотивација за продолжување со животот.

Срцевиот удар го доживеал играјќи фудбал со пријателите. Иако веднаш бил пренесен во болница, сепак немало спас. Во средата подоцна по локално време требаше да известува од натпреварот од бразилскиот клуб меѓу Чепекоанзе и Кришиум.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.