Пријава за штипјанец поради трговија со дроги

Четиресет и двегодишен штипјанец заработи крвична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, во текот на 2018 набавил марихуана, од која на 22.07.2018 пред неговиот дом на улицата „Кочанска“ во Штип, на А.Ј. од Штип му продал марихуана, која ја пронашле полициски службеници при извршен преглед на А.Ј. на ул.„Сремски фронт“ во Штип.

Истиот ден, при претрес во домот на Ј.П. биле пронајдени семки од канабис, марихуана, остатоци од канабис, остатоци од амфетамин и мешавина од марихуана и тутун.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.