Пријавени злоупотреби на ваучерите за туризам, барале кеш наместо кревет за сместување

Во првите денови од стартот  на ваучерите за домашен туризам започнаа и обидите за злоупотреби .Дел од граѓаните кои добија ваучери наместо да летуваат на некоја од дестинациите во нашата земја и да резервираат сместување прашувале дали истите може да ги продадат и заменат за пари.Од Хотам велат дека кај дел од хотелите долж охриско струшката ривиера се јавувале лица но од нивна страна биле одбиени таквите понуди и истите биле пријавени до надлежните служби.

Сместувачките капацитети од овој викенд па се до месец август ќе бидат исполнети над 80 проценти. Интересот од страна на граѓаните за искористување на подршката се повеќе расте , но се уште се плашат поради ситуацијата со ковид-19,најбарани се 4,5 и седум дневните аранжани .

Ваучерот за одмор во домашните туристички капацитети гласи на име и него може да го користи само лицето што го поседува од 15 јули до 15 декември. Доколку престојот во сместувачките објекти е поскап од 6.000 денари, корисникот на ваучерот може да доплати со свои пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.