При експлозија во касарна на Пале повредено едно лице

Во кругот на касарната на Вооружените сили на Босна и Херцеговина „Милош Обилиќ“ на Пале синоќа се случи експлозија, при што е повредено едно лице, соопшти сараевската полиција.

Повредениот е хоспитализиран. Неофицијално, повреден е војник по експлозија на бомба и е вон животна опасност.

Се уше нема официјални податоци за инцидентот.