При преглед на возило пронајдена марихуана – уапсени три лица

Синоќа во 03.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Филип Втори Македонски“ ги лишиле од слобода А.Е.(35) од Скопје, Т.Б.(23) од Република Турција и Д.О.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед во патничко возило, во кое биле тројцата, била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.