При претрес во Битола пронајден кокаин

На 01.06.2022 во 09.40 часот полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Д.(18) од Битола.
При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.