При проверка, дрски возачи нападнале сообраќајни полицајци

Во два одделни настана од страна на агресивни возачи биле нападнати сообраќајни полицајци.

39-годишен жител на Стајковци, откако бил сопрен, под дејство на алкохол, започнал вербално да ги напаѓа и омаловажува полицајците, по што бил приведен.

Кај скопското село Сопиште, пак, сообраќаец бил физички нападнат, откако решил да врши контрола на возило, претоварено со дрва за огрев, управувано од 37-годишен жител на селото Елово.

„На 05.12.2018 година во 13,00 часот во Скопје, на улица „Благоја Стефковски“, П.Ј.(39) од село Стајковци, кој управувал возило  под дејство на алкохол, го омаловажил и агресивно се однесувал кон полицискиот службеник кој преземал мерки  во областа на сообраќајот. По преземени мерки П.Ј, е приведен во Полициска станица за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(37) од село Елово, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.  На 02.09.2018 година околу 17,20 часот во село Сопиште, скопско при преземање на мерки за контрола и преглед на патничко моторно возило „Даеву Есперо“, натоварено со огревни дрва, а управувано од пријавениот, тој физички го нападнал полицискиот службеник.“, се наведува во соопштението на МВР.