При развод во Англија и Велс веќе не мора да се докажува вината на партнерот

На несреќните сопружници во Англија и Велс од средата им е полесно, бидејќи веќе не мора да ја докажуваат вината на партнерот, понекогаш и лажно, ниту да чекаат со години да го завршат лошиот брак, бидејќи на сила стапи најголемата реформа на законот за брак по половина век.

Разводот во кој не е потребно да се докажува вината значи дека еден од брачните партнери не мора да докажува дека партнерот згрешил, на пример правејќи прељуба или го товари за „неразумно однесување“, за напуштање на брачната заедница и други вини.

Бидејќи таквите основни не постоеја доссега, двојките мораа да живеат раздвоено најмалку две години за да им се одобри разводот, односно пет години доколку еден од партнерите се противел на разводот.

Со измените на зконот за брачната заедница во Англија и Велс, тие се израмнуваат со Шкотска која има сопствен правен систем во Обединетото Кралство, како и со други држави како САД, Австралија и Германија.

Стручњаците очекуваат дека сега ќе се зголеми бројот на разводите за двојките коишто чекаа на правната реформа, но истовремено предвидуваат дека ќе расте и бројот на новите бракови бидејќи партнерите да знаат деак ќе им биде полесно да ја растурат брачната заедница доколку таа не биде функционална.

Случајот Тини Овенс ја забрза кампањата за измена на законот, бидејќит таа ја загуби битката на Врховниот суд во 2018 година, зата што не успеваше да ги убеди судиите дека нејзинито 40 години долг браг треба да престане. Нејзиниот сопруг ги негираше нејзините тврдења за „неразумно однесување“, па судиите пресудија тека тоа што Овенс била во несреќен брак не е доволна основа тој брак и да се разведе.

„Никој не треба да остане во брак без љубов или ќе водите бескрајна и скапа судска битка да го разведе. Оваа измена на законот ги штити луѓето од таков исход и ја поздравувам“, изјави Овенс за BBC.

Реформата којашто од средата на сила е во Англија и Велс, сепак, не носи „брз развод“ во американски ситл, бидејќи треба да се причека 20 седмици од првото поднесување на барањето за развод, а потоа уште шест седмици за разводот да биде одобрен.

Но тоа е секако реформа за досегашниот систем кој важеше со децении во кој луѓето посегнуваше по разни средства, на пример со ангажирање приватни детективи кои би требало да најдат докази за вини или дека партнери едноставно се договориле дека ќе измислат докази и така полесно да се разведат.

Некои адвокати ја поздравуваат реформата, но истакнува дека брачното советување е важно за решавање на финансиските прашања и старателството над децата.

Испитувањето на јавното мнение кое го нарачало адвокатската канцеларија „Slater and Gordon“ открива неочекувана последица: 32 отсто од парнерите кои живеат невенчано сега се наклонети на склучување официјален брај, бидејќи знаат дека ако нешто се влоѓи, од него може полесно да излезат.