При заплената на 200 килограми марихуана, американската ДЕА го ставила МВР на страна

Љубомир Ѓурчевски, поранешен функционер во МВР, вели дека во акцијата на Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА, при што беше запленета марихуана во вредност од 800.000 евра, МВР било ставено на страна, а била повикана само екипа за приведување.
Според Ѓурчевски, ова според е резултат на пробиената акција во Грчец, за што  Русковска прстот го впери во МВР.

За потсетување, во акцијата уапсени се и началникот на полицијата од Прилеп, Кире Чипсио (СДС) и Александар, возачот на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.