Прибе: Независни политичари за владеење на правото

Авторот на препораките за подобрување на правосудниот систем во земјава, Рајнхард Прибе, порачува дека владеењето на правото е се уште важен критериум за членство во Европската унија. Вели дека и членките на ЕУ се соочуваат со истиот проблем па тоа ги прави уште построги кон државите кандидати. За германскиот експерт, владеењето на правото зависи од вољата на политичарите.

„Понекогаш потребни се промени во законодоавството, а за тоа ви се потребни политичари кои што се независни, кои што ќе направат соодветни реформи и ќе има политичка волја за тоа“, изјави експертот на Европската комисија, Рајнахрд Прибе.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи смета дека проблемите околу донесувањето на новиот закон за јавно обвинителство нема да влијаат врз добивањето датум за преговори бидејќи тоа не било дел од препораките на Европската комисија. Смета дека и за ова прашање политичките партии ќе постигнат консензус како што тоа го сториле за усвојување на плановите 3-6-8 и планот 18.

„Се разбира дека е важно законот за ЈО да го усвоиме пред октомври. Тоа што вчера имало долги разговори дава можност разликите да се објаснат и третираат на маса и можност да се продолжат разговорите за да се најде решение“, вели Османи.

Османи додава дека разликите за законот не се непремостливи. Смета дека политичките лидери ги знаат очекувањата на граѓаните и ќе ги надминат своите позиции во изнаоќањето решение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.