Приближно 5,5 милиони жители на Дамаск отсечени од централниот водовод

дамаск
This frame grab from video provided By Yomyat Kzefeh Hawen Fi Dimashq (Diary of a Mortar Shell in Damascus), a Damascus-based media outlet that is consistent with independent AP reporting, shows Syrian residents filling up buckets and gallons of spring water from a pipe on the side of the road, in Damascus, Syria. Water supplies to Damascus have been largely cut off for nearly two weeks because of fighting between pro-government forces and rebels for control of the main tributary, forcing millions in the Syrian capital to scramble for enough to drink and wash with. The cut-off is a major challenge to the government’s effort throughout the nearly 6-year-old civil war to keep the capital as insulated as possible from the effects of the conflict tearing apart much of the country. (Yomyat Kzefeh Hawen Fi Dimashq (Diary of a Mortar Shell in Damascus), via AP)

Во долината се наоѓаат водните извори од кои се обезбедува 70 отсто од водата за пиење што и е неопходна на сириската престолнина, изјави заменик порпаролот на ОН, Фархан Хак.

Според него, водата за пиење во градот е поскапена шест до 10 пати, а нејзиниот недостиг може да доведе до епидемии.

Според податоците на ОН, властите во Дамаск прогласиле вонредна состојба за да го обезбедат минималното неопходно количество вода за населението. Камиони цистерни испорачуваат вода за училиштата, болниците, пекарниците и некои региони од престолнината.

Со напорите на ОН во регионот на Дамаск се обновени и опремени 120 извори, што ќе задоволат приближно една третина од потребите на градор.

Од 22 декември овие бунари се единствените извори на вода во цел Дамаск, изјави претставник на светската организација.

Според него, ОН на локалните власти им испорачале техника за проверка на чистотата на водата, генератори и гориво, за да ја осигури работата на пумпите.

Главен извор на вода за Дамаск е Аин ел Фиџи во блиската долина Вади Барада. Во декември, меѓутоа, бунтовниците го кренаа во воздух магистралниот цевковод и го саботираа водоснабдувањето на Дамаск. Во последните неколку недели, сириските војници преземаат акции за враќање на контролата врз изворите на вода.