Причини поради кои тој не сака секс

Нашето мислење за сексот и колку често треба да се има секс е најчесто базирано на некои таканаречени „правила“ кои ги наметнуваат медиумите и општеството. Мислиме дека доколку некој е во врска, тогаш сигурно има редовен секс. Но, понекогаш не е така. Многу луѓе не се сексуално активни и тоа понекогаш зависи од партнерот. Еве неколку причини поради кои тој можеби не сака секс.

Старомоден е

Се претпоставува дека доколку парот има секс, тоа ќе се случи на почеток на врската. Многу луѓе имаат сопствен варијации за таканареченото „правило од три состаноци„. Значи, може да чека три, пет, десет состаноци и така натаму. Тој можеби е старомоден романтичар кој сака да почека и подобро да ве запознае пред вашата врска да стане физичка. Стереотипите за мажите се дека едвај чекаат да имаат секс, но секако ова не се однесува на сите. Сите имаат различно размилсување и гледање на работите.

Немал секс претходно

Да, ова им се случува и на мажите. Можно е вие да сте му прва и да му е срам поради тоа. Секако дека не би требало да се срами, но бидејќи сите зборуваат како имаат редовен секс, секогаш и секаде, тој можеби се чувствува чудно и неудобно. Или пак сосема нормално е да сака да се чува за својата жена, до бракот.

Религиозен е

Доколку е побожен и верен на својата религија, тогаш се чува за својата жена. Некои религии забрануваат секс пред брак и ваквите верници често се придржуваат до правилата. Ова е одлука кој марате да ја почитувате, а доколку навистина ви пречи треба да разговарате со него.

q2

Се плаши да не го одбиете

Можеби навистина многу сака да има секс со вас, но мисли дека не ви е достоен или пак дека со тоа само ќе ја расипе вашата врска. Можеби нема доволно искуство и нема доверба во себе.

Има ниско либидо

Секако дека ова е возможно. Не се сите момци онакви какви што ги претставува општеството. Тој можеби ужива во времето со вас без разлика што правите. Ви искажува љубов и почит на други начини и можеби милси дека сексот и не е толку важен.

Има ниска самодоверба

Можеби е само срамежлив од неговото тело, или пак има лузна која не сака да ја видите. Секако дека доколку навистина сте сериозни и ви се допаѓа ова нема да претставува проблем, но веројатно за него значи многу. Доколку мислите дека ова е причината, тогаш бидете внимателни и чувствителни кога конечно ќе се реши да ви ја открие тајната.