Приклучувањето на Финска и Шведска тема на разговорите на состанокот на НАТО

Можноста Финска и Шведска да се приклучат на НАТО била една од темите на разговорите на состанокот на министрите за надорешни работи на земјите членки на Алијансата во Брисел во средата и четвртокот, пренесува агенцијата Reuters повикувајќи се на неименуван висок функционер на американскиот Стејт департмент.

Американскиот држвен секретар Ентони Блинкен имал кус разговор со финскиот министер за надворешни работи Пекка Хивисто, додал истиот извор.

„Очигледно овие земји тоа самите ќе го решат. Вратите на сојузот остануваат отворени и се расправаше за таа потенцијална кандидатура“, додал соговорникот на агенцијата.

Руската воена операција во Украина поттикна дел од јавноста и актуелните владејачки сили во двете нордиски земји да размислуват за придружување на НАТО. Од почетокот на руската офанзива на 24-ти фераури, истражувањата на јавното мнение кои ги нарачале фински медиуми покажувале дека сега повеќето Финци се за влез во НАТО.

Шефот на финската дипломатија Хаависто изјави претходно за медиумите дека Финска следните седмици ќе ги разјасни чекорите во врска со можната одлука за барањето членство во НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.