Прилеп подготвен за карневалот „Прочка“

Градот под Марковите кули е подготвен за пречек на гостите и за одбележување на 14-тиот меѓународен карневал „Прочка“.

За годинава најавени се гости од Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, за прв пат од Сардинија и од Турција, како и од повеќе градови од Македонија, Бегниште, Кавадарци, Куманово, Куратица, Ратево, Мокриево и Струмица.

Програмата започнува утре,  со изложба на маски кои ги имаат изработено прилепските ученици. Кар­не­ва­лот ќе би­де нај­а­вен во сабота, со на­ста­пот на акро­ба­ти, жонг­ле­ри, пан­то­ми­ми­ча­ри, а главниот настан ќе се случи в недела во 13 часот во центарот на Прилеп.