Прилепчанка киднапирана два месеци, силувана и малтретирана

Прилепчанка киднапирана два месеци, силувана и малтретирана
Прилепчанка киднапирана два месеци, силувана и малтретирана

Кичевската полиција утрово го приведе 55 годишниот Р.Л. од кичевското село Колибари, поради сомение дека ја киднапирал 39 годишната Н.М. од прилепското село Јакренево и два месеци ја држел во својот дом. Притоа, физички ја малтретирал и ја силувал.

Јавниот обвинител му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

-Лицето е приведено откако вчера околу 18 часот, во полициската станица во Кичево, против него е поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца ја лишил од слобода и била присилно чувана во неговата куќа во Колибари. Во тој период, според зборовите на пријавителката била физички малтретирана и силувана. Во текот на вчерашниот ден, Н.М. успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело, соопштуваат од СВР Охрид.