Прилепчанец „олеснет“ за 200 илјади денари

Тешка кражба се случила вчера на улицата „ Кеј 4-ти Јули“ во Прилеп во станот на триесет и осумгодишниот М.Б.

Непознат сторител од станот одзел 2.400  евра и разновиден златен накит со што причинил материјална штета од околу 200.000 денари.